Споменик за Коби Брајант и неговата ќерка Џијана на местото на несреќата (ФОТО)

На местото каде што се случи хеликоптерската несреќа во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант е поставен привремен споменик во негова чест. 

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс го загуби животот на 26 јануари 2020 година заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум други лица. Скулпторот Ден Медина постави споменик во чест на Брајант и неговата ќерка на местото на трагичниот настан. На истиот се испишани имињата на сите кои загинаа во несреќата, како и фразата, „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“.

Авторот на споменикот изјавил дека ова е само привремено дело и веднаш ќе биде отрстрането. Тој се надева дека градот Лос Анџелес ќе му дозволи да направи споменик во чест на Брајант и неговата ќерка, кој засекогаш ќе стои на местото на несреќата во Калифорнија.