Соиграч на Дончиќ ги измеша работите, го направи - Србин!

Јапонскиот кошаркар од редовите на Лос Анџелес Лејкерс, Руи Хачимура во својата последна изјава пред медиумите зборуваше за Лука Дончиќ.

Хачимура беше запрашан за неговиот однос со Дончиќ и за што разговараат со словенечкиот кошаркар.

„Смешен е секогаш се шегуваме. Заборавам дека е помлад од мене, има 26, а јас 27 години. Во лигата е подолго и многу работи научил. Секогаш сака да комуницира со мене, ми кажувашто сака од мене кога сме на паркетот“, започна Хачимура, па потоа направи и еден лапсус.

Јапонецот веројатно се збуни и зборуваше како Србија да е земјата на Дончиќ.

„Зборуваме за неговата земја Србија, знаете многу ја сака српската музика, па му коментирам и како таа музика е лоша. Јас сакам „афробит“ и тој ми возвраќа на ист начин велејќи дека тоа е лошо“, прокоментира Хачимура.

Секако, Хачимура погреши со Србија, меѓутоа треба да се каже и дека дедото на Дончиќ од страната на неговиот татко има потекло од Србија.