Синот на Леброн се враќа на теренот само четири месеци откако му - застана срцето!

Брони Џејмс се опорави од проблемите со срцето и сега е подготвен да игра за својот универзитетот, додека неговиот татко Леброн ја одложува пензијата чекајќи го да заиграат заедно во НБА.

Најстариот син на „Кралот Џејмс“ се врати на теренот и тоа само четири месеци откако доживеа срцев удар. Тој треба да го направи своето деби за Универзитетот Јужна Каролина (УСЦ), каде што се запиша ова лето. Тој го пропушти почетокот на сезоната, но иако се шпекулираше дека кариерата ќе му биде загрозена, тој е подготвен да дебитира.

„Брони неделава ќе ја има конечната проценка со персоналот на УСЦ, по што ако е се во ред ќе се врати на тренинзите, а набрзо потоа и на натпреварите“, се вели во соопштението на семејството Џејмс.

Брони Џејмс на крајот на јули колабираше за време на тренинг, по што беше пренесен во болница, каде што кратко бил на интензивна нега. Откриено е дека има вродена срцева мана, но по операцијата неговата состојба сега се подобрува и тој е подготвен да игра на ниво на НЦАА лигата. Тој има 19 години и по завршувањето на средното училиште „Сиера Кенион“ сега се запиша на факултет, а неговиот 38-годишен татко истакна дека планира да го чека синот во НБА. Засега се чини дека Брони сигурно нема да биде на драфтот следната година, па Леброн ќе мора да игра и по 40-ата година за да си ја оствари желбата.