Шоу на Дончиќ и Марјановиќ, Јокиќ доминираше, па се повреди во поразот на Денвер

Далас маверикс минатата ноќ го совлада Хјустон рокетс со 116-106 со одличните настапи на Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, додека Денвер нагетс беше поразен од Јута џез со 110-122.

Првиот меч кој го водеше Џејсон Кид на домашен терен беше одличен, а Марјановиќ во него постигна 11 поени, додека Дончиќ беше најдобар со 26 поени, 14 скокови и седум асистенции.

На другата страна Ерик Гордон постигна 22 поени, додека Кристијан Вуд имаше 16 поени и 17 скокови.

Денвер го запиша вториот пораз по ред, откако загуби од Јута џез со 110-122, а српскиот кошаркар Јокиќ го заврши дуелот со повреда на коленото, и тоа на две минути пред крајот на полувремето.

Центарот на Денвер се повреди по судирот со Руди Гобер, по што го напушти теренот и повеќе не се врати на паркетот, а за 15 минути минати на него постигна 24 поени, шест скокови и шест асистенции.

За поразениот тим Вил Бартон до крајот постигна 21 поен, додека на другата страна Гобер беше најдобар со 23 поени и 16 скокови.

Резултати:

Њујорк – Филаделфија 112-99
Оклахома – Голден Стејт 98-106
Сан Антонио – Лос Анџелес Лејкерс 121-125