Карма-втор дел: Гобер останал без две сетила поради коронавирусот!

Кошаркарот на Јута, Руди Гобер, е првиот играч во НБА лигата кој се зарази со коронавирусот и тоа само неколку дена откако јавно се шегуваше со оваа смртоносна закана, непримерно допирајќи ги соиграчите, но и микрофоните и новинарите по прес-конференција со што придонесе болеста Ковид-19 да навлезе во најсилното кошаркарско натпреварување во светот.

Кога се дозна дека е позитивен, целиот свет сметаше дека тоа е своевидна карма односно казна за ноншалантноста. Една недела подоцна, кармата има свој втор дел, со оглед што Гобер ја информираше јавноста дека поради епидемијата останал без две сетила - за мирис и за вкус.

Дозволете ми да ви кажам каква е мојата моментална состојба. Симптомите на коронавирусот вклучуваат губење на чувството за мирис и вкус. Во последните четири дена, не можев да помирисам ништо, истакна Гобер на својот Твитер-профил.