Се враќа во НБА на праг на петтата деценија: Детроит му дава шанса на Џонсон (ВИДЕО)

Џо Џонсон има 38 години, а голем дел од кариерата помина во Бостон, Феникс, Атланта, Бруклин, Мајами, Јута и Хјустон, но и покрај тоа ќе добие шанса уште една сезона да помине во НБА-лигата и тоа во дресот на Детроит пистонс.

Крилниот кошаркар минатата сезона ја помина во Хјустон, па тогаш изгледаше дека ќе ја заврши кариерата, но очигледно неговите продори ќе ги гледаме и во следната сезона во најсилната лига во светот.