Сакаат звучни имиња: Синовите на Пипен и О'Нил потпишаа за ЛА Лејкерс!

Екипата на ЛА Лејкерс очигледно сака во своите редови да има кошаркари со звучни презимиња, откако веднаш по драфтот одржан ноќеска потпишаа договори со Шариф О'Нил и Скоти Пипен џуниор.

Станува збор за синови на две големи НБА-легенди, Шекил О'Нил и Скоти Пипен, кои доминираа на терените и заедно имаат двоцифрен број титули. Нивните наследници, засега, се далеку од квалитетот што го имаа, поради што во Лос Анџелес доаѓаат како слободни агенти кои не било избрани на драфтот и кои ќе треба жестоко да се борат за место во тимот.

Синот на ѕвездата на Чикаго булс добил двонасочен договор, кој му гарантира место најмалку во филијалата на „езерџиите“ во развојната Џи-лига, додека О'Нил добил шанса за настап во Летната лига, низ која ќе треба да покаже дека гените не се за фрлање и дека има барем дел од талентот на својот татко.