Рондо се договори со Атланта, ќе добие 15 милиони долари за две години

Плејмејкерот Ражон Рондо имаше важна улога во освојување на титулата на Лос Анџелес Лејкерс, но тој следните две години ќе настапува за Атланта хокс.

Рондо вечерва се договори со тимот на Атланта за двегодишна соработка вредна 15 милиони долари.

Рондо со Лејкерс ја освои втората титула во кариерата, а во просек постигнуваше по 7,1 поен и 5,3 асистенции.