Првиот заразен НБА кошаркар го победи Ковид-19, ама уште чувствува последици од него

Руди Гобер, кошаркарот на Јута Џез беше првиот НБА ирач кој се зарази од новиот коронавирус уште во март годинава, но иако поминаа повеќе од три месеци и тој веќе го победи вирусот и е негативен на Ковид-19, сè уште чувствува последици од него.

Гобер откри дека меѓу симптомите што ги имал кои се како грип (температура, кашлица, треска...) немал вкус и мирис, ама откако закрепнал чувството за мирис и понатаму не му е на сто отсто.

„Вкусот ми се врати, ама мирисот не е и понатаму на сто отсто. Можам нешто да помирисам, само ако дојдам многу близу до тоа што сакам да го помирисам. Јас разговарав со специјалисти и ми рекоа дека е можно чувствата на мирис да ми се вратат на сто отсто дури после една година“, вели францускиот центар за „Л'Екип“.

НБА лигата е закажана да продолжи во Дизниленд, Орландо (Флорида) на 31 јули, каде 22 тима ќе одиграат уште осум кола од регуларниот дел, а потоа ќе се одигра плејофот и првакот до 12 октомври ќе биде познат.