Познато кога Коби Брајант официјално ќе влезе во куќата на славните

Трагично загинатата кошаркарска легенда Коби Брајант, кој настрада во хеликоптерска несреќа во јануари годинава, требаше да влезе во куќата на славните во август годинава, но пандемијата ја одложи таа церемонија, по што одреден е нов датум – 13 до 15 мај догодина.

Брајант треба да биде постхумно да биде примен за член на куќата на славните заедно со уште две НБА-ѕвезди, Тим Данкан и Кевин Гарнет, а покрај ова кошаркарско трио, треба да бидат примени и тренерот Руди Томјанович, кошаркарката Тамика Качингс, универзитетскиот тренер Еди Сатон, како и универзитетските женски тренери Ким Мулки и Барбара Стивенс.

Покрај нив, меѓународниот одбор за член на куќата на славните го одбра и поранешниот генсек на ФИФА, Патрик Бауман.