Поранешниот НБА шампион избркан од лига за која не сте ни слушнале (ФОТО)

Поранешната НБА ѕвезда, Ламар Одом, на 39 години од животот се обиде уште еднаш да ја оживее својата кариера, но и овој пат доживеа вистински крах.

Ламар беше при самиот врв кога е во прашање кошарката. Со тимот на Лос Анџелес Лејкерс освои две НБА титули, беше прогласен и за шести најдобар играч, а заедно со Коби Брајант беше клучен кошаркар на патот кон титулите. Се ожени со Кло Кардашијан (сестра на познатата старлета Ким), имаше свое реално шоу, но се отиде низ брдо, а воедно за малку и ќе го загубеше животот.

Одом се обиде да се врати во кошарката во склоп на Биг3 лигата Ајс Кјуб (лига во која се игра три на три), но ништо не му појде од рака. Организаторите на лигата му се заблагодарија и го испратија дома. Во пакет со Одом, куферите ги собраа и Џермејн О‘Нил, Бонзи Вилс и Барон Дејвис. Сепак, отказот на Одом привлече најголемо внимание.

Не ги задоволи компетитивните стандарди на лигата. Сакаме ова натпреварување да го направиме што е можно покомпетитивно, да го заштитиме здравјето на кошаркарите и да го подигнеме на едно повисоко ниво, порача организаторот на лигата.

Одом одигра еден натпревар за тимот Ајнемис, во кој постигна два поени и забележа четири скокови.