
Полуфиналето на Истокот почна со брејк (ВИДЕО)
Гостите славеа со 121-112, пред се благодарение на одличниот шут од дистанца имајќи предвид дека погодија 19 тројки од 36 обиди. Индијана одигра одлична прва четвртина која ја доби со 11 разлика, Кливленд некако успеа да се доближи до крајот на третиот период, но во последните 12 минути Пејсерс повторно нагазија и дојдоа до посакуваната победа.
Донован Мичел го предводеше Кливленд со 33 поени, но од игра шутираше 13/30 и погоди само една тројка од 11 обиди. Нембхард беше најефикасен во тимот на Индијана со 23 поени, но се истакна и Халибартон со 22 поена и 13 асистенции.
Кливленд нема друг избор, освен да победи на вториот меч од серијата кој ќе го игра на домашен терен бидејќи во спротивно ќе патува во Индијанаполис со негатива од 0-2.