
Одлична вест за Флик: Левандовски се враќа за реваншот со Интер!
Тој се повреди на натпреварот од 32. коло во шпанската Ла Лига против Селта одигран пред дваесетина дена, поради што пропушти четири натпревари на Барселона. Левандовски сезонава има постигнато 40 голови во сите натпреварувања.
Барселона, сепак, ќе биде ослабена на позицијата лев бек, бидејќи Балде нема да биде во конкуренција за настап. Тренерот Ханси Флик одлучи да поведе 23 фудбалери на патувањето во Милано, меѓу кои се наоѓаат: Шчесни, Астралага, Пења, Кубарси, Араухо, Мартинез, Гави, Торес, Педри, Левандовски, Фати, Рафинја, Кристенсен, Лопез, Виктор, Јамал, Олмо, Де Јонг, Гарсија, Форт, Мартин, Фаре и Дарвич.
Првиот натпревар, одигран на 30 април во Барселона, заврши без победник – 3-3.