Победнички кам-бек на Ирвинг, Денвер ги среди Клиперс (ВИДЕО)

Кајри Ирвинг се врати на паркетот по цели 26 натпревари пауза поради повреда на рамото и неговото присуство веднаш се почувствува во тимот на Бруклин. 

Нетс славеа со 108-86 против Атланта на домашен паркет, а Ирвинг постигна 21 поен за 20 минути игра. Плејмејкерот имаше неверојатен шут од 90,9 отсто прецизност или погоди 10 шута од 11 обиди од игра. Хоукс беа немоќни поради отсуството на својот најдобар кошаркар Трае Јанг, кој беше повреден, па најмногу се истакна Кем Редиш со 20 поени.

Никола Јокиќ постигна 20 поени, а имаше и 15 скока во победата на Денвер против ЛА Клиперс од 114-104. Нагетс, кои водеа со 20 поени разлика во второто полувреме, мораа да го дадат најдоброто од себе, бидејќи Клиперс се доближија на само негатива од шест поени на нешто повеќе од една минута до крајот. Сепак, домашните кошаркари не дозволија пресврт и дојдоа до важна победа против еден од најсилните тимови во лигата. Каваил Ленард со 30 поени најмногу се истакна во редовите на тимот од Лос Анџелес.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Њујорк - Мајами 124-121
Вашингтон - Јута 116-127
Мемфис - Голден Стејт 122-102
Торонто - Сан Антонио 104-105
Феникс - Шарлот 100- 92