Патики на Коби Брајант продадени за 660.000 долари (ВИДЕО)

Патиките кои ги носеше Коби Брајант во натпреварот на 12 април 2013 година против Голден Стејт кога доживеа тешка повреда на Ахиловата тетива се продадени на аукција.

Во тој натпревар против Голден Стејт Брајнат доживеа една од најтешките повреди во кариерата, но одлучи да застане на линијата за слободни фрлање и да шутира, иако едвај стоеше на нозе.

Брајант ги погоди двете фрлања и тоа му беа 33. и 34. Поен на натпреварот за водство на Лејкерс од 110-108, а потоа во солзи ја напушти арената. На крајот Лејкерс славеа во натпреварот со 118-116.

Тој момент кога тешко повредениот Брајант ги шутираше слободните фрлања аукциската куќа „Stoheby’s“  го опиша како пример за неговиот „менталитет на мамба“.

Патиките на аукцијата беа продадени за 660.000 долари, а претходно дресот кој го носеше на овој натпревар достигна цена од 1.2 милиони долари.