Партизан се откажал од Јокиќ зашто бил „обичен кошаркар“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е еден од најдобрите во светот, а во минатото имал можност да го облече дресот на Партизан, меѓутоа тогашниот тренер Горан Тадиќ се откажал од идејата да го ангажираат.

Првиот тренер на Јокиќ, Исидор Рудиќ откри дека Тадиќ не сакал ниту да се симне од балкон да поразговара со ѕвездата на Денвер зашто сметал дека е „обичен кошаркар“.

„Тадиќ го гледаше од балкон и без размислување ми кажа: Ме повикавте за ова момче? Нема ни да се симнам на теренот, имаме многу такви кошаркари во Белград“, открива Рудиќ.