Ова е првпат: Тренерот го нападна Дончиќ поради неговите реакции кон судиите!

Екипата на Далас маверикс загуби на синоќешното гостување кај Њу Орлеанс пеликанс (91-107), а меѓу „најзаслужните“ за тоа беше Лука Дончиќ, кој иако беше блиску до трипл-дабл ефект со 21 поен, 10 скока и седум асистенции, сепак, имаше лош процент на удари од поле, а згора на тоа не беше на потребното нив во одбраната.

Словенецот ги промаши сите шест шута за тројка, а имаше 7/14 за ударите за два поени, што не се бројки со кои би се задоволил неговиот тренер. Згора на тоа, Џејсон Кид, предводникот на „телињата“ од клупата, имаше голема забелешка за неговото однесување кон судиите, особено во моментите кога противникот е во транзиција.

„Би сакал почесто да играме пет на пет во одбраната. Судиите не ја прекинуваат играта за да проверат некоја одлука и треба да се разбере дека со нив може да се разговара само за време на прекините. Кога се игра, транзицијата во одбрана ни станува голем проблем, па ако се жалиме кај судиите додека се игра, самите си правиме штета. Ова важи за сите кошаркари, не само за Лука“, изјави Кид.

Најдобар во редовите на Њу Орлеанс беше Инграм со 24 поени.