
Нова брутална партија и историски успех на Никола Јокиќ (ВИДЕО)
На домашен терен, тимот од Колорадо го победи директниот ривал Мемфис со 117-109 и се задржа на петтото место во Западната конференција со една победа повеќе од Минесота и Голден Стејт. За да остане таму, на Денвер му треба триумф и против Хјустон во последниот меч кој се игра утре вечер во Тексас.
Јокиќ повторно го имаше на сите страни од теренот, играше 41 минута и за тоа време постигна 26 поени, 16 скока и 13 асистенции. Што е најважно, си обезбеди трипл дабл просек оваа сезона, без разлика на неговиот ефект на утрешниот натпревар. Со тоа стана прв центар и вкупно трет играч во историјата на НБА, по Расел Вестбрук и Оскар Робертсон, кој ја завршил сезоната со трипл дабл просек.
Сега имаше голема помош и од Ерон Гордон кој заврши со 33 поени, додека Мареј постигна. Кај Мемфис, кој доживеа два пораза и извесно ќе игра во плејинот, Дезмонд Бејн беше најефикасен со 24 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Милвоки 119-125
Индијана - Орландо 115-129
Филаделфија - Атланта 110-124
Бостон - Шарлот 130-94
Њујорк - Кливленд - 102-108
Чикаго - Вашингтон 119-89
Њу Орлеанс - Мајами 104-153
Далас - Торонто 124-102
Денвер - Мемфис 117-109
Минесота - Бруклин 117-91
Јута - Оклахома 111-145
Феникс - Сан Антонио 117-98
Портланд - Голден Стејт 86-103
Сакраменто - ЛА Клиперс 100-101
ЛА Лејкерс - Хјустон 140-109