
Нов страшен тандем во НБА: Демијан Лилард отиде кај Јанис во Милвоки!
Седумкратниот учесник на ол-стар натпреварите во НБА, 33-годишниот Лилард, на некој начин оди во Милвоки како одговор на барањата на првата ѕвезда на овој тим, Јанис Адетокумбо за поконкурентен тим. Тој побара тим кој може да го нападне шампионскиот прстен, во спротивно се закани дека ќе си замине, па сега желбата му е задоволена. Лилард цела своја кариера беше во Портланд, почнувајќи од 2012 година.
Во оваа трампа, Милвоки во насока кон Портланд го прати досегашниот плејмејкер Џру Холидеј, како и Тумани Камара, но се откажа и од својот прв пик на драфтот во 2029 година.
Ова не е единствената трампа која Портланд ја договорил вечерва, бидејќи од клубот си заминал и Босанецот Јусуф Нуркиќ. Тој преминал во Феникс, а во спротивна насока доаѓа Деандре Ејтон. Бидејќи американскиот центар важи за поквалитетен и поскап, Портланд за него ги даде и Насир Литл, Кион Џонсон и Грејсон Ален.