Њујорк се мачеше, Таунс го среди Торонто (ВИДЕО)

Екипата на Њујорк Никс ја забележа петтата победа во последните шест натпревари откако ноќеска славеше на гостувањето кај Торонто со 113-108.

Тоа беше единствен натпревар во синоќешната програма во НБА, а во центарот на вниманието беше репрезентативецот на Доминиканска Република, Карл Ентони Таунс. Никс долго време се мачеа да го скршат отпорот на шампионот од 2019 година, а потоа на сцена стапи искусниот крилен центар кој блесна во клучните моменти.

На 36 секунди пред крајот, при нерешен резултат, гостинскиот тренер побара тајмаут. Веднаш по него, Таунс постигна кош на асистенција на Брансон, потоа го запре обидот за забивање на Берет и го блокираше Ануноби, за во следната акција да погоди тројка со што стави точка на мечот.

Заврши со 24 поени и 15 скока што е 13. натпревар по ред на кој Таунс постигна дабл дабл. Сепак, мора да се истакне дека не дојде сам до победата затоа што имаше голема помош од Микал Бриџис кој постигна 23 поени со пет тројки, како и Џејлен Брансон кој реализира 20 поени. Торонто го доживеа третиот пораз во низа и покрај тоа што го имаше расположениот Берет кој постигна 30 поени со 8 скока.