Ниту најдобриот тим во НБА немаше лек за маестралниот Лука Дончиќ (ВИДЕО)

Екипата на Јута џез е најдобра во моментов во НБА, но тоа не им помогна да го избегнат поразот во ноќешната пресметка со Далас маверикс (103-111), кој уште еднаш беше предводен од феноменалниот Лука Дончиќ.

Словенецот доминираше на паркетот и средбата ја заврши со 31 поен, девет скока и осум асистенции, доволно да им го нанесе 12. пораз на „џезерите“ во јубилејниот 50. меч сезонава. Дончиќ доби и голема помош од Фини Смит, кој постигна 23 поени и од Брансон со 20 поени.

Бруклин нетс по голема борба го доби градското дерби со Њујорк никс (114-112), меч кој ќе остане во сенка на повредата на Џејмс Харден, кој по само четири минути мораше да го напушти теренот и повеќе не се врати во игра. Кај „мрежичките“ блескаше Кајри Ирвинг со 40 поени и седум асистенции.

Кошаркарите на Торонто репторс, пак, го совладаа Вашингтон визардс (103-101), на кои не им помогна уште еден трипл-дабл ефект на Расел Вестбрук и тоа со 23 поени, 14 скока и 11 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ: Бруклин – Њујорк 114-112, Далас – Јута 111-103, Минесота – Сакраменто 116-106, Оклахома – Детроит 108-132, Сан Антонио – Кливленд 101-125, Торонто – Вашингтон 103-101, Хјустон – Феникс 130-133.