Никој не знае зошто Леброн Џејмс не игра за Лејкерс, па ниту тренерот Вогел

Леброн Џејмс се врати на паркетот минатиот викенд против Сакраменто по пауа од месец и половина поради повредата на скочниот зглоб. 

На ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс и се губи траг, бидејќи на следните два натпревари против Денвер и ЛА Клиперс (синоќа) го немаше во ростерот. Тој не беше ставен на листата на повредени играчи, ниту пак во протоколот за Ковид-19.

По синоќешниот натпревар со градскиот ривал, тренерот Френк Вогел беше запрашан од новинарите за отсуството на Џејмс, а тој имаше само краток и помалку збунувачки одговор.

„Тој (Леброн) едноставно не е тука“, рече Вогел.

Леброн Џејмс нема да биде во ростерот ниту за следниот натпревар на гости кај Портланд. Лејкерс моментално се на шестото место на табелата во Западната конференција и многу лесно може да паднат и подолу со пораз од Портланд.