Никој како Леброн Џејмс: Кошаркарот на Лејкерс испиша нова историја во НБА (ВИДЕО)

Леброн Џејмс утринава комплетираше неверојатен рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот, откако против Оклахома постигна трипл-дабл.

Тој со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции ги водеше Лејкерс до победа до 112-107 против Тандер и стана првиот кошаркар во историјата на НБА со трипл-дабл против сите 30 тимови во лигата. За Леброн тоа е вкупно 86-ти трипл-дабл во кариерата со што се наоѓа на петтото место на сите времиња.

Ентони Дејвис постигна 34 поени во победата на Лејкерс, а двоцифрен ефект во нападот имаше уште и Кентавиус Калдвел Поуп со 13 поени. Денис Шредер со 31 поен најмногу се истакна кај гостите од Оклахома, додека 25 постигна Данило Галинари. Лејкерс сега имаат скор од 12 победи и 2 порази во Лигата.

Кармело Ентони дебитираше со 10 поени за Портланд, но неговиот нов тим загуби со 115-104 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Голден Стејт со 114-95 славеше на гости кај Мемфис, додека Сакраменто беше подобар од Феникс со 120-116.