
Неочекуван херој го однесе Голден Стејт во конференциското полуфинале (ВИДЕО)
Со тоа, Вориорс се изборија за серија против Минесота кој одамна го елиминира Лос Анџелес Лејкерс и се пласира во полуфиналето од Западната конференција. Кога беше најпотребно, Голден Стејт одигра најдобро, го запре Хјустон на само 89 постигнати поени, постигна 18 тројки и покажа дека се уште го има шампионскиот менталитет кој на тимот му донесе четири шампионски титули последната деценија.
Иако и Стеф Кари одигра на своето ниво, тимот од Сан Франциско имаше неочекуван херој во Бади Хилд кој го одигра натпреварот на кариерата, постигнувајќи 33 поени, вклучувајќи девет тројки што е рекорд во седми натпревар од плејоф. На претходните шест меча, Хилд само два пати беше двоцифрен, а синоќа едноставно не знаеше да промаши затоа што деветте тројки ги реализира од 11 обиди.
Интересно е тоа што ова беше петта елиминација на Хјустон од Голден Стејт во последните десет години. Се чинеше дека Рокитс сега се подготвени да се одмаздат за сите фрустрации, имаа одличен финиш на основниот дел од сезоната, но сепак, откажаа кога беше најпотребно и утринава за нив заврши сезоната.
Томпсон беше најефикасен кај Хјустон со 24 поени, Шенѓун постигна 21 поен и 14 скока, ама екипата ќе ја чека идната сезона за да направи исчекор кон следната рунда.