„НБА-тимовите ме избегнуваат зашто ја критикував кинеската власт“

Турскиот кошаркар Енес Кантер вели дека НБА-тимовите не сакаат да го ангажираат затоа што ја критикувал власта во Кина.

Поранешниот играч на Бостон селтикс, кој често зборуваше за кршење на човековите права во Кина, го критикуваше и тоа што НБА и некои кошаркари имаат спонзорски договори со кинески компании.

„Дозволено ти е да зборуваш за сè додека не им ги допреш финансиите. Кога ќе почнеш да правиш штета, тоа е крај. Не добивам понуди од НБА-тимовите затоа што зборував против Кина, која е голем пазар за НБА-лигата“, кажа Кантер.