НБА-пехарот во Денвер слета со - падобран! (ВИДЕО)

Големото НБА-финале почна со првиот меч меѓу Денвер и Мајами, во „Бол арена“, домот на Нагетс, а пред почетокот на мечот, објавено беше видео како официјалниот пехар на НБА-лигата, именуван „Лари О'Брајан“ пристигнал во Денвер.

До Колорадо долетал со авион, но наместо да слетува на некој аеродром, пехарот атерираше со падобран. Еден професионалец го прицврсти на себе како во кенгурска торба и безбедно се приземји.

Потоа ѝ го предаде на Малаика Ендрус, новинарка на ЕСПН, која го довози до „Бол Арена“. Таму беше спакуван во специјален куфер каде што ќе стои сè до официјалното предавање на новиот шампион.

Финалната серија меѓу Денвер и Мајами се игра до четири победи, а Денвер поведе со 1-0.