Навивачи создадоа хаос во Бруклин поради Ирвинг (ВИДЕО)

Кајри Ирвинг е една од најголемите НБА-ѕвезди кои ѝ се спротиставија на вакцинацијата против ковид-19, а поради тоа што реши да не се вакцинира, нема да може да игра за Бруклин нетс бидејќи го суспендираа од екипата.

Оваа одлука ги изнервира навивачите, кои мислат исто како Ирвинг, па дел од нив се туркаа со обезбедувањето и се обидоа да влезат во салата во знак на поддршка за кошаркарот.

„Пуштете го Кајри да игра“, скандираа дел од фановите.