Најмладиот тренер во НБА доби „клоца“ од Минесота

Рајан Сондерс повеќе не е тренер на Минесота. По синоќешниот пораз на Тимбервулфс во дуелот со Њујорк, тимот реши да му врачи отказ.

Челниците на тимот се разочарани од ефектот сезонава од само седум победи и 24 порази. Се очекува Минесота за нов тренер да го назначи помошникот тренер на Ник Нрс во Торонто, Крис Финч.

Саундерс беше најмладиот тренер во НБА-лигата со само 34 години, а на клупата на Тимбервулфс седеше од 2019 година. Претходно во истиот тим цели пет сезони беше асистент тренер.