Му украде ли НБА трипл-дабл на Јокиќ? (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ повторно имаше блескаво издание, но не успеа да му донесе победа на својот тим против Минесота.

Србинот го заврши натпреварот со 26 поени, 13 скока и 9 скока и само една прифатена топка го делеше од трипл-дабл во новата сезона. Сепак, бројни известувачи од САД тврдат дека на Јокиќ му се скратени два скока кои се подоцна запишани на негови соиграчи. Во едниот случај на Кристијан Браун, а во другиот на Ерон Гордон и покрај тоа што Јокиќ прв игра со топката по одбивањето од обрачот.

Правилата велат дека скок му се смета на играчот кој веднаш по промашувањето ја прифаќа топката или ја одбива до свој соиграч, па во двата случаја би требало тоа да биде Јокиќ.