„Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Јокиќ е неверојатен!“

Џоел Ембид беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата, а тоа изненади многумина бидејќи сите очекуваа Никола Јокиќ да ја добие наградата.

Еден од тие што сметаа дека Ембид ја заслужил наградата е кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард кој призна дека Јокиќ бил подобар од него.

„Џокер е најверојатно најдобар играч во лигата. Мислев дека Ембид треба да ја добие наградата, но Јокиќ е неверојатен. Секој натпревар игра на исто ниво, постигнува по 45 поени, 25 скокови и над 15 асистенции. Навистина е паметен“, вели Лилард.