Милвоки го собори рекордот на Голден стејт

Кошаркарите на Милвоки играат одлично оваа сезона во НБА лигата и во досегашниот дел забележаа 48 победи и осум порази, со што веќе и изборија пласман во разигрувањето за шампионската титула.

Благодарение на поразот на Вашингтон од Чикаго два месеци пред почетокот на плејофот, Милвоки и теоретски обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на Истокот. Ова е историски резултата за Бакс, а никој досега толку бргу не се пласирал во плејофот.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Голден стејт кои во сезоната 2015/16 место во плејофот обезбедија на 25 февруари.