Меџик „пресуди“: Никола Јокиќ е најдобар во НБА!

Трката околу признанието наменето за најкорисен (МВП) кошаркар во регуларниот дел од сезоната во НБА станува сѐ поизвесна, откако и легендарниот Меџик Џонсон „пресуди“ дека тоа треба да заврши во рацете на српскиот интернационалец, Никола Јокиќ.

Некогашната ѕвезда на ЛА Лејкерс пред извесно време имаше поинакво мислење, но последните игри на центарот на Денвер нагетс дефинитивно му дадоа поинаква перпектива и му го сменија мислењето.

„Леброн и Џоел ја почнаа сезоната како најсериозни кандидати за МВП, а 'жежок' период имаше и Стеф Кари. Но, дефинитивно најконстантен сезонава е Јокиќ, кој во последно време игра фантастично носејќи му скор 9-1 на својот тим откако во него ја нема најголемата ѕвезда, Џамал Мареј. Со тоа, Србинот покажа дека е достоен да биде прогласен за МВП“, изјави Меџик.

Доскорешен фаворит на легендарниот плејмејкер за најголемото индивидуално признание во сезоната беше Џоел Ембид од Филаделфија.