Меџик: Јокиќ ја менува кошарката пред наши очи, како што тоа го правеше Џордан!

Српската ѕвезда Никола Јокиќ го однесе Денвер Нагетс во првото финале во НБА со осум трипл-дабл учиноци во годинешниот плејоф, надминувајќи го легендарниот Вилт Чембрлен од 1967 година, па нема некој во САД кој не е воодушевен и импресиониран од настапите на центарот.

Јокиќ имаше три трипл-дабл учиноци во четирите меча за „метлата“ во конферециското финале со ЛА Лејкерс, па легендата Меџик Џонсон, еден од најдобрите кошаркари во историјата, не ја криеше воодушевеноста од Јокиќ, кој имаше просек од 27,8 поени, 14,5 скока и 11 асистенции во четирите меча со Лејкерс.

Јокиќ ја доби „наградата Меџик Џонсон“ за МВП во конференциското финале во западната конференција.

„Џокер ја менува кошарката пред наши очи како што тоа го правеа Мајкл Џордан, Лери Бирд, Леброн Џејмс, Стеф Кари, Коби Брајант, Карим Абдул-Џабар и Шекил О'Ник“, објави Меџик.

Јокиќ цела сезона е спектакуларен, но годинава не ја доби МВП наградата третпат по ред и таа му припадна на Џоел Ембид од Филаделфија, која испадна од Бостон во второто коло од плејофот.