Маскотата на Денвер има годишна плата од 625.000 долари! (ВИДЕО)

Денвер нагетс со триумф против Мајами хит го почна големото финале во НБА-лигата, а повторно во центар на внимание беше маскотата на тимот, Роки, која добива годишно 625.000 долари.

Маскотата на натпреварите во НБА-лигата ги забавува фановите, а интересно е тоа што тимот од Колорадо за неговите услуги троши дури 625.000 долари годишно.

Огромна сума добива и маскотата на Атланта хокс, Хари кој заработува околу 600.000 долари годишно.