Мајкл Џордан целиот во солзи: Коби ми беше мало братче (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан одржа емотивен говор на комеморацијата на Коби Брајант. 

Легендарниот кошаркар напомена дека тие биле исклучително блиски пријатели низ годините. Џордан го сметал Коби за помал брат, бидејќи секогаш се угледувал на него и барал совети како да биде подобар. 

„Коби постигна многу во кошарката, семејството и во кариерата. Тој остави се на паркетот додека играше. Можеби ќе изненади некого, но ние бевме блиски пријатели. Тој ми беше како мал брат. Сите сакаа да зборуваат за споредбата помеѓу нас. Јас сакав само да зборам за Коби. Сите ние имаме ние мали браќа или сестри, на кои им ги даваме нашите работи, патики, тетратки и друго. Понекогаш тие стануваат досадни, но тоа прераснува во љубов, бидејќи се угледуваат на вас. Почна постојано да ми се јавува, дури и во 3 часот наутро, за потези, шутеви, а еднаш и за ‘триаголникот’. Прво ме нервираше, а потоа стана нешто друго. Ова дете ја имаше пасијата. Ако ја имате пасијата, тогаш одите во екстрема. Коби Брајант ми беше инсипирација за тоа како јас ја играв играта. Тој сакаше да биде најдобриот кошаркар. Јас сакав да му бидам најдобриот голем брат што можам да му бидам. За да го направам тоа, морав да трпам многу работи, телефонски повици и клупави прашања. Но тој само сакаше да биде подобра личност, кошаркар, зборувавме за се. Бизнис, кошарка, семејството и само сакаше да биде подобра личност. Сега ќе морам да гледам уште една меме од себе како плачам“, рече Џордан.