Лудница: Кошаркар на Феникс постигна 45 тројки по ред без – промашување (ВИДЕО)

На еден од последните тренинзи на Феникс санс една од обврските на кошаркарите беше да шутираат за три поени еден позади друг и тоа во серија до првото промашување.

Шпанскиот интернационалец во дресот на „сонцата“, Рики Рубио, можеше дури и да дремне додека го чекаше соиграчот пред него, Девин Букер, да заврши со обврската со оглед што тој успеа да реализира дури 45 тројки во низа. Неверојатно остварување, кое не се гледа често дури и во НБА-лигата.