Лилард со неверојатна тројка ја елиминираше Оклахома (ВИДЕО)

Портланд Трејл блејзерс синоќа победија на домашен паркет против Оклахома Сити тандер со 118-115 и така се пласираа во полуфинале на Западната конференција со вкупни 4-1 во серијата.

Оклахома ја имаше победата во свои раце, откако на осум минути пред крајот имаа предност од 15 поени (105-90), но потоа на сцена се појавија Лилард и МекКолум.

Набрзо водството на гостите исчезна, а јунак беше Дамиен Лилард, кој најпрво на 33 секунди пред крајот израмни на 115-115, а потоа следуваше вистинско шоу.

Расел Вестбрук промаши за Оклахома, па останаа 17 секунди за напад на Портланд, а Лилард ја чекаше последната секунда, кога постигна тројка за победа од 118-115.

Лилард на мечот постигна 50 поени, додека кај Оклахома најдобар беш Пол Џорџ со 36 поени.

Таму ги чека победникот од дуелот меѓу Денвер и Сан Антонио, а со синоќешната победа од 108-30 водство во серијата имаат Нагетс пред шестиот меч.

Пласман во следното коло обезбедија и Торонто репторс и Филаделфија во Источната конференција.

Торонто славеше со 115-96 против Орландо и стигна до 4-1 во серијата, а Кави Ленар ги водеше до триумф со 27 поени.

Додека Филаделфија славеше протиб Бруклин со 122-100 и така со 4-1 се пласираше понатаму, откако одличен настап имаше Џоел Ембид, кој постигна 23 поени.