Лејкерс потпиша договор со бивш кошаркар на Голден Стејт на - 10 дена!

Актуелниот првак во НБА-лигата, Лос Анџелес Лејкерс го ангажираше Демиен Џонс со кој потпиша договор на само 10 дена.

Џонс одигра 118 натпревари во кариерата во која настапуваше за Голден Стејт, Атланта и Феникс, а во просек постигнуваше по 4,3 поени и 2,8 скокови.

Овој 25-годишен кошаркар минатата сезона играше за Атланта и имаше во просек по 5,6 поени и 3,7 скокови по натпревар.