Лејкерс ја победија Филаделфија, ама останаа без Дончиќ (ВИДЕО)
Триумфот, сепак, го засени повредата на Лука Дончиќ кој мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме. При еден напад на неговиот тим, тој се фати за задната ложа и беше мошне нервозен што веројатно навестува нешто потешка повреда и подолго отсуство на словенечкиот ас.
Откако тој излезе, се разигра Остин Ривс кој ја презеде одговорноста во тимот и натпреварот го заврши со 35 поени. На ниво беше и Леброн Џејмс кој оствари дабл дабл со 17 поени и 10 асистенции. Филаделфија ја прекина серијата од победи и покрај одличната игра на Жоел Ембид кој постигна 35 поени, седум скока и седум асистенции.
Лејкерс со оваа победа ја продолжија потерата по третопласираниот Денвер кога веќе Сан Антонио и Оклахома се далеку напред. Филаделфија е сигурна на шестата позиција во Источната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Вашингтон 117-126
Орландо – Бруклин 118-98
Атланта – Јута 121-119
Торонто – Чикаго 123-107
Хјустон – Шарлот 99-109
Далас – Сан Антонио 123-135
ЛА Лејкерс – Филаделфија 119-115
Феникс – Голден Стејт 97-101