Леброн Џејмс со сезонски рекорд ги водеше Лејкерс против младите Пеликанс (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс го потврдија својот фаворитски статус и го совладаа Њу Орлеанс во „Стејплс центарот“ со 118-109. 

Леброн Џејмс ги предводеше домашните кошаркари со 40 поени, што за него е рекорд оваа сезона. Ентони Дејвис очекувано го следеше со 21 поен и 14 скока, додека Дени Грин реализираше 17. Поранешниот Лејкер, Брендон Инграм беше најефикасен кај Пеликанс со 34 поени, додека Зајон Вилијамсон реализираше 29 поени. 

За Лејкерс ова е шеста победа по ред или осма на последните девет натпревари. 

На дербито на Истокот, Милвоки уште еднаш ја покажа својата сила и не случајно е најдобриот тим во лигата, откако славеше кај актуелниот шампион Торонто со 108-97. Бакс клучната предност ја направија во третиот период, а најдобар поединец беше Крис Мидлтон со 22 поени, додека Јанис Адетокумпо имаше дабл-дабл со 18 поени и 17 скока. Паскал Сјакам со 22 поени беше најдобар кај Репторс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Индијана - Шарлот 119-80
Чикаго - Оклахома 122-124
Денвер - Детроит 115-98
Портланд - Бостон 106-118
Голден Стејт - Сакраменто 94-112