Леброн Џејмс одбил понуда на Лејкерс - ќе стане слободен агент!

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ја одбил понудата на Лос Анџелес Лејкерс за продолжува на соработката на уште една сезона за 51,4 милиони долари.

Леброн ќе стане слободен агент, но причина за тоа е да договори подобри услови со Лејкерс и повеќегодишен договор, откако претходно син му Брони Џејмс потпиша за поранешниот шампион.

Лејкерс од неодамна го предводи тренерот Џеј-Џеј Редик, а исто така дел од тимот е Брони, па на паркетот наскоро би можеле да ги гледаме Леброн и неговиот син.