Леброн Џејмс сака екс-ју кошарка: Ги одбра Дончиќ и Јокиќ во својот тим

Синоќа беше одржан драфтот за Ол-стар тимовите во кој капитените на двете екипи Леброн Џејмс и Јанис Адетокумпо ги одбраа своите соиграчи. 

Од лани НБА-лигата го смени форматот на екипите за да не бидат Источна конференција против Западна, но Џејмс и Адетокумпо бираа највеќе од своите конференции.

Ѕвездата на Лејкерс во стартната петорка ги одбра соиграчот Ентони Дејвис, потоа Каваи Ленард, Џејмс Харден и Лука Дончиќ. Резерви се Демијан Лилард, Бен Симонс, Никола Јокиќ, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Вестбрук, Домантас Сабонис.

Јанис Адетокумпо во својот состав ги одбра, Жоел Ембид, Паскал Сијакам, Кемба Вокер, Трае Јанг. Резерви се Крис Мидлтон, Бам Адебајо, Руди Гобер, Кајл Лаури, Брендон Инграм и Донован Мичел.

Ол-стар натпреварот се игра следниот викенд, поточно на 16 февруари.