Леброн блескаше, Лејкерс победи во меч со скоро – 300 поени (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс дојдоа до петтата победа во последните шест меча, откако втор пат во два дена како гости беа подобри од Сан Антонио спарс (143-138).

И овој пат најзаслужен за триумфот на „езерџиите“ беше Леброн Џејмс, кој ноќеска ја немаше помошта од Ентони Дејвис, поради што мораше сам да го земе работите во своите раце. Тој за 35 минути на паркетот постигна 39 поени, со рекордни за него седум тројки. Германскиот интернационалец Денис Шредер постигна 21 поен, додека Лони Вокер придонесе со 19 поени.

Лука Дончиќ, пак, го одигра вториот најлош меч сезонава, поради што неговиот Далас маверикс загуби на гостувањето кај Торонто репторс (100-105). Словенецот средбата ја заврши со „само“ 19 поени, додека Ануноби и Ванвлит со по 26 поени беа најпрецизни во составот од Канада.

Феникс санс во драматичен натпревар ја совлада Јута (113-112) за што најзаслужни беа Ејтон со 29 поени и 20 скокови и Девин Букер со 27 поени, 11 скокови и седум асистенции. Во последниот меч од синоќешната програма во НБА, екипата на Хјустон рокитс ја совлада Оклахома сити тандерс со 118-105.