Крушата под круша паѓа: Татко и син Стојаковиќ редат тројки! (ВИДЕО)

Андреј Стојаковиќ, синот на некогашната ѕвезда на Сакраменто кингс, Пеѓа Стојаковиќ, добива се поголемо внимание во САД.

Момчето има 18 години и откако заврши средно образование на ред е да одбере колеџ. Како што е ред, летово прошетал дел од големите колеџи низ САД, со реномирана кошаркарска програма, а еден од последните е колеџот во Орегон. 

Се појави видео, како таму шутираат тројки заедно со својот татко. Каков татко - таков син, Пеѓа реди тројки, а по него и Андреј. Тој е висок 201 сантиметар, играше како ниско крило во средношколската лига, за Џезуит од Сакраменто, а најдобри бројки имал во трета година со просек од 25,3 поени и 9,3 скока по натпревар.

Неговата мајка е Гркинка, а добар дел од животот поминал во Грција, па се уште не се знае дали ќе одбере да настапува за Србија или за Грција.