Крај на љубовта во Милвоки: Јанис во војна со навивачите на Бакс (ВИДЕО)

Не се случува често да видите навивачи на домашниот тим како ги исвиркуваат своите омилени играчи на натпреварите.

Јанис Адетокумпо го почувствува тоа на своја глава. Големиот ас на Милвоки, еден од најдобрите на сите времиња, беше исвиркан од навивачите на Бакс кои беа иритирани од уште еден лош настап на нивниот тим. Ги исвиркуваа играчите што пред неколку години ја освоија шампионската титула. Сепак, Јанис не би бил Јанис ако не реагираше на свој уникатен начин. По еден прекршок, тој гестикулираше со палецот надолу кон публиката и им се налути како што тие му се налутија на него. Ова е прв пат Адетокумпо, херојот на Милвоки, да се судри со навивачите на клубот од Висконсин.

„Секогаш кога ќе ме исвиркаат, возвраќам. Не е важно. Јас играм кошарка за моите соиграчи. За себе и за моето семејство. Кога луѓето не веруваат во мене, не сум со нив. Тука сум да го правам она што го правам и во што сум добар. Но, да, никогаш не сум бил дел од нешто вакво и не мислам дека е фер. Секој има свое мислење. Нема да им кажувам што да прават и како да се однесуваат кога не се караме. Или кога губиме. Повторно, не мислам дека некој има право да ми кажува што да правам на теренот бидејќи сум тука 13 години и практично најдобар во секоја статистичка категорија во клубот“, луто изјави грчкиот ас.

Милвоки на домашен терен загуби од Минесота со 106-139 и се наоѓа на 11. позиција во Источната конференција. Конфликтот меѓу Јанис и навивачите е само уште една најава дека Гркот би можел да ја напушти екипата во која е од стартот на својата НБА кариера.