Ковид-19 ги „избрка“ кошаркарите на Торонто од Канада!

Властите во Канада му забранија на Торонто репторс да ги игра натпреварите од НБА-лигата во таа држава поради лошата ситуација со ковид-19.

Торонто се обиде да добие дозвола од власта да игра во Торонто, меѓутоа нивното барање беше одбиено, па сезоната ќе ја почнат на Флорида.