Коронавирусот ги „сотре“ српските спортисти: Позитивен е и Јокиќ!

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е последниот српски спортист кој е позитивен на Ковид-19.

НБА-ѕвездата бил тестиран уште минатата недела и целиот овој период бил во изолација и без симптоми. Неговото враќање во САД е одложено поради позитивниот тест, а се очекува да пристигне во Денвер следната недела.

Нагетс како и другите екипи полека се подготвуваат за рестарт на НБА-лигата во Дизниленд кон крајот на месец јули.

Се претпоставува дека Јокиќ се заразил на ревијалниот кошаркарски натпревар одржав во Србија во чест на долгогодишниот тренер на Мега Бемакс, Дејан Милојевиќ, што се одржа минатата недела. Никола Јанковиќ од Партизан, кој настапи на мечот испадна позитивен на Ковид-19, а интересно на натпреварот присуствуваше и тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој исто таке е позитивен на вирусот.