Кејд Канингем е прв пик на НБА-драфтот – го избра Детроит Пистонс

Плејмејкерот Кејд Канингем е прв пик на НБА-драфтот кој се одржа синоќа, а Детроит Пистонс го избра овој кошаркар, кој е висок 203 сантиметри.

Кaнингем во НБА влегува како студент на Универзитетот Оклахома Стејт и има 19 години, а беше дел од американската селекција до 19 години на Светското првенство за јуниори во Грција во 2019 година, кога Американците го освоија златниот медал.

Хјустон Рокитс го избраа Џејлин Грин како втор пик на годинешниот драфт, додека Кливленд кавалирс го избраа Еван Мобли за трет пик.