Јокиќ: Во Европа се игра потешка кошарка (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се појави во неговиот тим Денвер нагетс, по што со Џамал Мареј одговараше на новинарски прашања пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата.

Американските новинари ги интересираше мислењето на Јокиќ за тоа дали се игра потешка кошарка во Европа или во НБА-лигата.

„Во Европа е потешко. Мора да размислувате многу брзо. Во НБА ако тргнете во продор, може да видите дека ви доаѓа помош, но во Европа помошта е веќе тука“, кажа Јокиќ.