
Јокиќ растури, а Денвер една секунда го делеше од првото место на Западот (ВИДЕО)
Малку недостасуваше таму ноќеска да се врати Денвер Нагетс, но Шеј Гилџес-Александер не дозволи такво нешто. Во драматичната завршница од дуелот против Њујорк во Медисон Сквер Гарден, канадскиот кошаркар постигна кош на 1,8 секунди пред крајот и ѝ донесе победа на Оклахома со 112-111.
Со тоа, Гилџес-Александер ги собра заслугите за триумфот на Тандер иако најефикасен беше Џејлен Вилијамс со 33 поени. Оклахома сега е лидер со биланс 52/22, но има еден натпревар помалку од Денвер. Кога станува збор за тимот од Колорадо, синоќа без проблеми го победи Кливленд со 130-101, на крилјата на Никола Јокиќ кој оствари уште еден монструозен трипл-дабл, постигнувајќи 26 поени, 18 скока и 16 асистенции.
Можно е на крајот од основниот дел од сезоната, дури три екипи (Оклахома, Денвер и Минесота) да ја делат првата позиција на табелата во Западната конференција.